Home » Меркел во своите мемоари за Западен Балкан: „Единствено членството на сите земји во ЕУ може да обезбеди мир“

Меркел во своите мемоари за Западен Балкан: „Единствено членството на сите земји во ЕУ може да обезбеди мир“

by Журнал.мк

Цел дел од мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел е посветен на Западен Балкан. Меркел ја опишува средбата со вицеканцеларот Зигмар Габриел, министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер и други.

Според напишаното од Меркел, Габриел рекол дека не треба само да се враќаме во минатото, туку и да размислуваме за лекциите од историјата за денешните проблеми. Меркел на тоа возврати:

– Во право сте, особено кога станува збор за Првата светска војна. По југословенските војни од 1990-тите, мораме да придонесеме за трајно обезбедување на мирен соживот на Западен Балкан, таму имаме уште многу работа – рече таа.

Како што потсетува Меркел, во тоа време Словенија и Хрватска веќе беа во ЕУ, додека другите земји од регионот – Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија беа во една или друга фаза од патот кон ЕУ.

– Но, во нашите дискусии најмногу бевме загрижени за постојаните тензии, пред се меѓу Србија и Косово, како и во државите, особено Босна и Херцеговина. И во 2014 година, сто години по почетокот на Првата светска војна, мирот во регионот беше кревок – пишува поранешната канцеларка.

На опишаната средба, пишува таа, предложила на состанок да се соберат земјите од Западен Балкан кои се уште не се во ЕУ за да ја зајакнат меѓусебната соработка. Штајнмаер предупреди дека тоа може да изгледа несоодветно – дека, со оглед на историјата на Германија, Берлин повикува на такви состаноци без поширок договор во Европа.

Меркел се согласила. Првата конференција ја организираше Германија, но се приклучија и други. Така се роди таканаречениот берлински процес, кој Меркел го смета за „голем успех“.

Најпрво, како што пишува, биле договорени конкретни проекти на Европската комисија и државите од регионот, инфраструктурни проекти, канцеларијата за младинска соработка RYCO и економска соработка.

– Добро е што не дочекавме сите тие земји да станат дел од Европската унија за да најдеме модели на соработка – вели Меркел.

Сепак, краткото поглавје во мемоарите заклучува дека има уште многу проблеми: „Бев и останав убедена дека само членството на сите земји од Западен Балкан во ЕУ може да обезбеди траен и мирен соживот во регионот. Колку и да е трнлив патот до таму, мора да се следи“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk