Home » Меркел и во пензија е најпопуларна меѓу Германците

Меркел и во пензија е најпопуларна меѓу Германците

by Журнал.мк

Се зголемува популарноста на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, иако таа веќе некое време не е во политиката, ниту на чело на владата.

Според најновата анкета на ИНСА, спроведена за весникот „Билд“, Меркел не само што се наоѓа на прво место како најомилена германска политичарка, туку нејзината предност е зголемена во последниот месец и покрај тоа што се повлече од политиката.

Поранешната канцеларка сега има поддршка од 59,3 отсто од граѓаните на Германија, што е за три процентни поени повеќе во однос на резултатите од анкетата спроведена на 29 ноември минатата година.

На второ место на најпопуларни германски политичари е министерот за здравство Карл Лаутербах, додека на третото место се наоѓа актуелниот канцелар Олаф Шолц со 51 процент поддршка на испитаниците.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More