13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Меркел гневна: Tрамп нема волја да го признае поразот

Најчитани вести

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази гнев и разочарување поради упадот на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп во зградата на Конгресот.

Таа го обвини Трамп дека не го признава поразот од демократот Џо Бајден на претседателските избори.

„Сите ние вчера видовме вознемирувачки сцени од упадот во американскиот Конгрес и овие сцени ме налутија и ме растажија. Жалам што претседателот Трамп не го признава поразот од ноември минатата година, а тоа го направи и вчера“, рече Меркел на состанокот на германските конзервативци.

Меркел ги нарече стотиците приврзаници на Трамп кои упаднаа во зградата на Капитол – напаѓачи и додаде дека е сигурна оти Бајден ќе биде инаугуриран за претседател на САД за две недели, пренесува „Ројтерс“.

Четири лица беа убиени, а 52 се уапсени откако приврзаниците на претседателот Доналд Трамп упаднаа во зградата на Капитол за да спречат Конгресот да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, изјави началникот на полицијата во Вашингтон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести