Home » Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа

Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа

by Журнал.мк

Германците утре бираат пратеници за новиот состав на Бундестагот, на предвремените избори организирани по распадот на трикратната коалиција на канцеларот Шолц. Најновите предизборни анкети покажуваат дека опозициските демохристијани и екстремната десница се уште имаат најголема поддршка, но дека ниту една партија нема да има доволно пратеници сама да формира влада. За функцијата канцелар се борат четворица кандидати: актуелниот Олаф Шолц од Социјалдемократската партија (СПД), Фридрих Мерц, кандидатот на главната конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), актуелниот вице-канцелар Роберт Хабек од еколошката Зелена партија и Алис Вајдел од крајната десничарска, анти-имигрантска Алтернатива за Германија (АфД). Кандидатот на коалицијата ЦДУ/ЦСУ за германски канцелар Мерц изјави дека првата задача на новата федерална влада ќе биде да и даде на Германија поголема тежина во Европа.

Фридрих Мерц – ЦДУ: „Најважната задача на следната сојузна влада е повторно енергично да ја преземе одговорноста на Германија во Европската унија. Германија мора да биде силна земја, политички и економски“.

Слабата економија беше тема за која многу се зборуваше за време на предизборната кампања.

Олаф Шолц – СПД и актуелен канцелар: „Нападот на Русија врз Украина доведе до енергетска криза и инфлација, а не неговата влада. Економијата сè уште се бори со последиците“.

Според анкетата на институтот за истражување на јавното мислење „Југов“, конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзиниот лидер Мерц може да сметаат на 29 отсто од гласовите. Германските аналитичари проценуваат дека идната владејачка коалиција најверојатно ќе се формира околу ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ и дека во неа ќе мора да учествуваат најмалку две партии, што укажува на неизвесни коалициски преговори. Според анкетата на Југов, рејтингот на АфД остана непроменет на 20 отсто, поддржувајќи ги нејзините амбиции да биде втора на изборите според бројот на освоени гласови. Според проекциите, ваквите резултати би значеле дека демохристијаните ќе имаат 220 пратеници во парламентот, АфД 145 пратеници, СПД 115, Зелените 94, Левицата 55, а „другите“ еден пратеник. Анкетите покажуваат и дека само три дена пред изборите, голем број гласачи, меѓу 20 и 27 отсто, се неопределени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk