21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Mercedes EQA на струја во Германија чини помалку од дизел

Најчитани вести

Субвенцијата од 9.000 евра го става германскиот автомобилски пазар под напон. Електричниот Mercedes EQA 250 е незначително поскап од основниот бензинец.

Компактниот СУВ врз основата од A-Class во германскиот ценовник има редовна цена од 39.365 евра за основната изведба Mercedes GLA 180 d со 116 КС. Електричната изведба од истиот модел, којашто се води посебно како Mercedes EQA 250 чини 37.970 евра – со 190 КС.

Mercedes EQA е влезот во електричниот свет на марката со сребрената ѕвезда. Цената за моделската изведба EQA 250 со 140 kW во Германија изнесува 47.540 евра. Наскоро ќе следи и спортска изведба со моќност над 200 kW и со електромотор и за задната оска, за постигнување погон на сите тркала. Третата опција ќе биде изведба со реален досег над 500 километри. Дополнително во првата година е бесплатно користење на полначите што се дел од мрежата на Mercedes me Charge, за сите сопственици на EQA на сите 175.000 полначи што се дел од мрежата – секако, тоа е „зелена“ струја. Првите клиенти ќе ги добијат своите возила веќе напролет.

Тоа што му дава дополнителна сила на електричниот погон е поддршката од германската држава. Со нето цената под 40.000 евра, Mercedes EQA ги исполнува условите за субвенцијата, односно за т.н. премија за иновативност. Таа се состои од 6.000 евра од државата и 3.000 евра од производителот. По субвенцијата, конечната цена на Mercedes EQA 250 се доведува на 37.970 евра. Фирмите што ќе го користат моделот во својот возен парк ќе плаќаат данок на само една четвртина од вредноста на возилото, доколку истото се користи и приватно. На тоа следи уште лизинг по месечна рата од 399 евра.

Кога ќе се земе предвид и побогатата опрема, се зголемува и предноста на Mercedes EQA

Во богатата сериска опрема на EQA се вбројуваат диодни светла со адаптивно долго светло, електрично отворање на задниот поклопец, алу-тркала од 18 инчи, амбиентално осветлување во 64 бои, комфорни седишта, камера за рикверц и спортски волан во кожа. MBUX исто така е стандард, заедно со навигација.

Производството на EQA започна уште лани во фабриката на Mercedes-Benz во Раштат. Исто како останатите модели, EQC во Бремен и во Пекинг, и EQV во Виторија, компактниот СУВ на струја се произведува на истата лента со моделите со обичен и со хибриден погон. Останатите четири модели што излегуваат од фабриката во Раштат се достапни и во изведба со приклучен хибриден погон (A-Class, A- Class Limousine, B-Class и GLA). Подоцна во текот на годинава ќе стартува и производството на EQA во Кина, наменето за локалниот пазар.

Mercedes GLA на македонскиот пазар почнува од 37.990 евра за изведбата GLA 180 во Мак Аутостар. Изведбата со приклучен хибриден погон GLA 250 e, со 160 бензински и 102 електрични КС, чини 47.000 евра. Субвенции за електрични возила во Македонија не постојат, единствено за моделите со приклучен хибриден погон се дозволува плаќање 50% од редовната висина на данокот на возило, додека електричните модели се целосно ослободени од овој данок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести