9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Mercedes-Benz CLA прогласен за најбезбеден автомобил за 2019 година

Најчитани вести

Процедурата на Euro NCAP се базира на краш тест, но исто така и на проверка на безбедосните системи на автомобилот. Оваа година Euro NCAP тестираше вкупно 55 автомобили, од кои 42 ги добија максималните пет ѕвезди за најдобра безбедност. Секако, Euro NCAP се базира пред се на краш тест, но исто така се вршат и проверки на безбедносните системи на автомобилот.

Кога станува збор за 10-те најбезбедни автомобили на годината, нема некои поголеми изненадувања. Од 10-то до 6-то место се најдоа Škoda Scala, Mazda 3, Mazda CX-30, Volkswagen T-Cross и Tesla Model X. Топ 5 листата започнува со Subaru Forester, а потоа следуваат Tesla Model 3, BMW Series 3, BMW Z4 и на врвот на листата се најде најновата генерација на Mercedes-Benz CLA.

Новата генерација на CLA на Mercedes-Benz нуди заштита за возрасни од 96%, заштита за деца од 91% и 91% заштита на пешаци. Овие резултати се без конкуренција најдобри според Euro NCAP, а единствено Mercedes-Benz може да го подобри во иднина резултатот на безбедносните системи кој изнесува 75%.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести