-1 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Mercedes ја проширува хибридната флота со два нови модели

Најчитани вести

Електрифицираните автомобили имаат ознака 250е и припаѓаат на А-класата и и Б-класата. Во однос на дизајнот, тие практично и не се разликуваат од конвенционалните верзии, со исклучок на приклучокот за електричен кабел, а под телото се крие хибриден погонски систем со батерија од 15,6 kWh.

Во срцето на хибридниот погон се наоѓа 4-цилиндерски турбо-полнач од 1,33 литри, кој го користат и стандардните А-класа и Б-класа. Оваа единица произведува 160 КС (118 kW) и 250 Nm и е помогната од 102 КС (75 kW) и 300 Nm електричен мотор. Вкупната комбинирана моќност на хибридниот систем достигнува 218 КС (160 kW) со максимален вртежен момент од 450 Nm.

За пренос на моќноста се користи 8-степен автоматски менувач со двојна спојка. Mercedes A250e до стотка забрзува за 6,6 секунди, додека B250e нуди 6,8 секунди до сто. Максималната брзина на двата автомобили е 235 km/h, а доколку се вози само на електрична енергија – 140 km/h.

Батеријата од 150 кг му овозможува на A250e во чисто електричен режим да патува 60-68 километри, измерено според стандардот WLTP или 74-76 километри со циклусот NEDC. B250e има автономија од 56-67 километри (WLTP) или 70-77 километри (NEDC).

Mercedes наведува дека на наизменичен полнач батеријата може да се наполни од 10-100% од капацитетот за 1 и 45 минути, додека на со DC полнач 10-80% од капацитетот може да се надополни за околу 25 минути.

Германскиот производител исто така тврди дека поради дополнителните компоненти на погонот и батеријата, волуменот на багажникот е само малку помал од обичните А и Б-класа.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести