20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Mercedes го напушта MBUX оперативниот систем и развива комплетно нов – MB.OS, кој ќе биде спремен во 2024

Најчитани вести

Компанијата Unity Technologies ќе ги развива софтверот за инфотејнмент функционалностите на оперативниот систем на новите Mercedes-Benz модели.

Инфотејнмент сегментот е клучна копмонента во планот на германскиот премиум производител за развој на дигиталните услуги. Тековната инофтејнмент платформа MBUX беше развиена од страна на Daimler и Luxoft.

Новиот оперативен систем наречен MB.OS ќе дебитира во возилата од моделската 2024 година. Тој ќе ги унапреди следните четири аспекти: инфотејнмент, автоматско управување, комфорт и погон.

“Со нашиот нов оперативен систем сакаме да постигнеме три цели: да го обликуваме корисничкиот интерфејс во согласност со луксузот на брендот, да креираме двонасочна комуникација на возилото со клиентот и да интегрираме дигитален лајфстајл на клиентот додека се наоѓа во возилото”, изјави Магнус Устберг, дирктор за софтвер во Mercedes-Benz.

Компанијата Unity ќе ја обезбеди платформата за развој и архитектурата која ќе биде основа за целото дигитално доживување со MB.OS. Компанијата Unity има доминантна позиција во светот на 3D технологијата и гејминг индустријата.

Од Unity произлегуваат 70% од мобилните игри на пазарот како и најголем дел од технологиајта која се однесува на виртуелната реалност.

Mercedes и Unity започнаа со соработка пред 5 години. Таа соработка се однесуваше на равој на 3D доживување во реално време, како дел од развојот на концептот Vision EQXX.

Новиот MB.OS оперативен систем ќе вклучува софтвер за гејминг, испраќање пораки, аудио и видео стриминг.

Партнерството на Mercedes-Benz со Unity е дел од трендот во автомобилската индустрија кој вклучува барање на иновативни софверски компании кои ќе им помогнат на автопроизводителите во дигитализацијата на своите модели.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com