Home » Mercedes ги зголеми бизнис очекувањата откако попушти кризата со чипови

Mercedes ги зголеми бизнис очекувањата откако попушти кризата со чипови

by Lina Muslija

Mercedes-Benz предвидува забавена светска економија, со монетарна политика што ќе се потпира на потрошувачите. Штутгарт исто така додаде дека проблемите во набавката на микрочипови и притиокот од високите цени на енергијата попуштаат. Како резултат од тоа, зголемени се бизнис очекувањата за годинава на најстариот производител на автомобили во светот.

Во денешното соопштение од Mercedes-Benz се наведува дека германскиот производител го зголемува лагерот од возила, што се должи на воведувањето на моделот на директна продажба, како и на зголемувањето на продукцијата, вклучувајќи ги новите модели што треба да стартуваат со продажба. Тоа главно се однесува на новата генерација на E-Class.

Синџирот на набавки од добавувачите „значително се подобрил“, соопштуваат од Mercedes-Benz. Спротивен е случајот кај Porsche, од каде што во средата објавија дека од недела в недела се соочуваат со проблеми во синџирот на набавки. Главно недостигаат компоненти што се клучни за електричните автомобили.

Планираната добивка од 12 до 14 проценти по продадено возило останува непроменета, исто како и вредноста на прометот. Повеќе ќе се вложува во објектите, во фабриките и опремата, како и во истражување и развој.

Mercedes настапија претпазливо во почетокот на годината, поради предупредувањата дека економијата ќе забави. Меѓутоа, оптимизмот се врати во Штутгарт во април, откако САД и Кина покажаа знаци на заздравување.

Добивката за цела година (EBIT), без камати и даноци, сега се очекува да достигне 20,5 милијарди евра, исто колку и во 2022 година. Досега се предвидуваше мал пад во добивката.

Во бизнисот со доставни возила на Mercedes-Benz Vans е зголемена прогнозата за добивката на 13 до 15 проценти, од претходно очекуваните 11 до 13 проценти. Тоа е второ зголемување на очекувањата за продажбата, по помалку од три месеци од значителното зголемување на прогнозите во второто тромесечје.

Штутгарт пријави раст од 6 проценти во продажбата на возила во вториот квартал, за што најголема заслуга имаат електричните возила и најскапите модели од врвот на понудата. Продажбата расте во Европа, Азија, Северна Америка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More