Home » Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

by Журнал.мк

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура.

-Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за да споделам една важна одлука – одлука која ја донесов по долго размислување, искрени разговори и директни барања од многумина од вас. Денес официјално ја објавувам мојата независна кандидатура за градоначалник на Општина Струга, вели Ќура.

„Ова не е чекор што го презедов самостојно, туку одлука за која добивав секојдневни барања. Повиците пристигнуваа од бизнис заедницата кои бараат појасна насока за градот и од младите кои сакаат да останат во родниот крај. Дополнително, поттик добив и од граѓаните, кои од мене бараат храброст да се кандидирам и со одговорност и посветеност да управувам со нашиот град.

Како стружанец, им одговарам на овие повици и ја преземам оваа обврска со целосна убеденост.

Ние сме граѓани на овој благословен град. Делуваме и живееме за Струга, а секој личен успех што сум го постигнал им го посветувам на луѓето од овој град.

Се чувствувам почестен, но морам да признаам дека овој предизвик е еден од најголемите предизвици што сум го прифатил досега. Сите показатели, а исто така и чувството што го добивам од граѓаните на овој град, покажуваат дека промената е повеќе од неопходна и важна за Струга.

Не доаѓам овде како спасител, бидејќи Струга нема потреба од херои. На Струга ѝ е потребна чесна работа, мудро раководство и храброст да го промениме она што не функционира.

Доаѓам овде како човек со искуство во економијата и со јасна визија за развојот што го заслужува нашиот град.

Кандидатурата што ја објавувам денес не е трка за власт, не е борба против никого. Таа претставува само повик за обединување за сите кои го споделуваат истиот сон за Струга.

Струга отсекогаш била мојата инспирација и мојата сила.

Проектите и идеите што ќе ги изнесеме во наредните денови ќе се засноваат на три столба:

Транспарентност и правда за сите,

Одржлив развој и инвестиции во инфраструктурата, во образованието и културата, во младината и во спортот,

Чесно претставување и отворен дијалог со секој граѓанин.

Со ваша помош, денес пред вас се обврзувам дека секогаш ќе бидам праведен, отворен и посветен да ја направам Струга најубава, најразвиена и најбогата со можности за живот за сите.

Затоа ги повикувам: граѓаните, бизнисмените и различните здруженија,
историчарите и просветните работници, студентите и интелектуалците,
невладините организации, здружениетјата кој се згрижуваат за лица со различни способности, спортистите и уметниците, новинарите, политичките партии и младинските форуми. Го упатувам овој повик до секој поединец без разлика на верска, етничка и политичка припадност, кој верува во иднината на градот да ме поддржи „ЗА СТРУГА“. Нека Господ ја благослови Струга и сите нејзини граѓани“, вели Ќура.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk