Home » Менаџерот на Ливерпул е суспендиран на два натпревари

Менаџерот на Ливерпул е суспендиран на два натпревари

by Журнал.мк

На последното градско дерби на стадионот „Гудисон Парк“ фудбалерите на Евертон и Ливерпул одиграа нерешено 2:2, а по крајот на натпреварот дојде до конфликт меѓу играчите на двата тима, по што судијата покажа два црвени картони.

Во одложениот премиерлигашки меч домашните преку Тарковски во 98. минута постигнаа израмнувачки гол, а по мечот фудбалерите на Евертон тргнаа кон навивачите на градскиот ривал да го прослават бодот.

Ова го налути играчот од средниот ред на „црвените“, Кертис Џонс кој е роден во Ливерпул и тој се пресмета со противничките играчи.

Вториот го доби тренерот на гостите – Арне Слот, кој збесна по израмнувачкиот гол на „Карамелите“ во 97. минута, а по завршувањето на мечот луто му се нафрли на судијата Мајкл Оливер, па тој набрзо потоа му покажа црвен картон.

Сега е познато дека Слот е суспендиран на два натпревари поради црвениот картон, а „црвените“ ќе останат без тренерска помош на натпреварите против Вулверхемптон и Астон Вила во Премиерлигата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk