Home » Мексиканската претседателка Шајнбаум нареди контратарифи на одлуката на Трамп

Мексиканската претседателка Шајнбаум нареди контратарифи на одлуката на Трамп

by Журнал.мк

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум синоќа нареди контратарифи како одговор на одлуката на САД да воведат царини од 25 отсто за сите стоки што доаѓаат од Мексико.

Во подолга објава на X, Шајнбаум наведе дека нејзината влада бара дијалог, а не конфронтација со северниот сосед, но дека Мексико е принудено да одговори на ист начин.

„Му наложив на министерот за економија да го спроведе планот Б на кој работевме, што вклучува царински и нетарифни мерки за одбрана на интересите на Мексико“, објави Шејнбаум, без да навлегува во детали за тоа кои американски стоки ќе бидат погодени од нејзината влада.
САД се убедливо најважниот странски пазар во Мексико, при што Мексико ја престигна Кина во 2023 година и стана главната дестинација за американскиот извоз.

Според упатени извори, Мексико подготвува можни одмазднички тарифи кои се движеле од пет до 20 отсто на свинското месо, сирењето, свежи производи, како и на челик и алуминиум од САД. Автомобилската индустрија првично ќе биде изземена, наведуваат оттаму.

Извозот на САД во Мексико во 2023 година изнесуваше над 322 милијарди долари, покажуваат податоците на Бирото за попис, додека САД увезоа мексикански производи во вредност од повеќе од 475 милијарди долари.

Во својата објава, Шајнбаум, исто така, ги отфрли како „клеветнички“ тврдењата на Белата куќа дека наркокартелите се во дослух со мексиканската Влада, тврдење што го користеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп за да објасни зошто воведе тарифи.

Трамп рече дека царините против Мексико се предизвикани од неуспехот на земјата да го спречи влегувањето на фентанил во САД, како и од тоа што тој го опиша како неконтролирана миграција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk