Home » Меган Маркл: Имам деца и работам, тешко ми е

Меган Маркл: Имам деца и работам, тешко ми е

by Lina Muslija

Војвотката од Сасекс отворено зборуваше за предизвиците со кои се соочува за време на мајчинството и нејзината претприемачка кариера во новата епизода од своето шоу.

Меган Маркл има две деца, ќерката Лили и синот Арчи, а со сопругот, принцот Хари, таа се повлече од функцијата висок член на кралското семејство во 2020 година. Тие почнаа нов живот во Америка, а војвотката од Сасекс е посветена на своето семејство и на својот бизнис.

 

„Луѓето забораваат дека Лили има три, а Арчи пет години. Ако ги погледнете последните пет или шест години од мојот живот, постојано бев бремена или со новороденче или со мало дете, а потоа повторно со друго“, се осврна Меган на своето искуство.

Таа откри дека има фантастична дадилка, која ѝ помага веќе пет години. Денес, војвотката е ангажирана со работи што ја исполнуваат и ја интересираат, па затоа го лансира својот бренд As Ever преку кој ја промовира својата долгогодишна љубов кон готвењето и дружењето.

Покрај тоа, со Хари имаат и непрофитна хуманитарна организација и компанија за медиумска продукција. Таа исто така ја снима и емисијата With Love, Meghan, во која споделува совети за готвење, организирање собири и градинарство, за што често ја покажува својата љубов на социјалните мрежи. Концептот на емисијата е да привлече познати гости, како и за поткастот, кој е најновиот проект што го лансира.

 

Во најновата епизода од поткастот таа откри и како жените често се чувствуваат виновно за своите високи приходи велејќи: „Мислам дека многу жени, особено ние, научивме дури и да не зборуваме за пари, а постои силно чувство на вина за големото богатство. Дури во 70-тите жените можеа да добијат сопствена кредитна картичка, без согласност на сопругот“. Покрај сите свои обврски, таа нагласува колку е важна грижата за себе, па затоа сподели уште еден интересен факт со својата публика.

„Се сеќавам како мојот киропрактичар ми кажа нешто што ми остана во сеќавање: „Ако бебето плаче, помогнете ѝ на мајката“. Сè почнува од нас. Првин мора да се грижиме за себе“, рече таа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk