„Meet water“ – прва самостојна изложба на Ивана Мојсовска

0

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена прва самостојна изложба на Ивана Мојсовска насловена „Meet water“.

Во делаТА таа ја користи водата како главен и единствен медиум на нејзината сликарска палета, истражувајќи ги природните феномени како основни елементи во уметничкото создавање.

Ивана Мојсовска дипломирала во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има учествувано на неколку групни изложби во земјава и во Црна Гора, а во 2017 година беше добитник на наградата „Четири мајстори на модернизмот“.

Со проектот „Meet Water“ Мојсовска ги завршува магистерските студии.