Home » Медведев до Британците: Распоредувањето на официјален воен контингент во Украина би било објава на војна против Русија

Медведев до Британците: Распоредувањето на официјален воен контингент во Украина би било објава на војна против Русија

by Журнал

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска предупреди дека Москва ќе ја разгледа можноста за испраќање британски војници во Украина како објавување војна против Русија.

Медведев, актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, реагираше на посетата на британскиот премиер Риши Сунак на Киев.

Сунак денеска во Киев најави зголемување на финансиската помош за Украина за да може да купи нови воени беспилотни летала.

„Се надевам дека нашите вечни непријатели – арогантните Британци – разбираат дека распоредувањето на официјален воен контингент во Украина би било објава на војна против нашата земја“, објави Медведев на Телеграм.

Медведев, исто така, праша како би се чувствувала западната јавност доколку делегацијата на Сунак биде нападната со касетна муниција во центарот на Киев, како што неодамна им се случи на руските цивили во Белгород, во близина на украинската граница.

Најмалку 20 лица, меѓу кои две деца, загинаа во тој инцидент на 30 декември, а 111 беа повредени, рече тој.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More