Home » Медведев: Бајден е луд и психички растроен

Медведев: Бајден е луд и психички растроен

by Журнал.мк

Дмитриј Медведев – заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија го коментираше американскиот претседател Џо Бајден, поточно на неговиот говор за состојбата на нацијата.

„Американскиот претседател Џо Бајден не требаше да го спомнува неговиот претходник Френклин Делано Рузвелт, бидејќи тој, за разлика од Рузвелт, само ги срами САД“, објави Медведев на социјалната мрежа „Х“.

„Бајден е срамот на САД“, објави Медведев и додаде дека „иако 32-от американски претседател беше слаб човек во инвалидска количка, тој ја извлече Америка од депресија“.

„За разлика од Рузвелт, Бајден е луд, ментално пореметена личност која е решена да го одвлече човештвото во пеколот. Покрај тоа, Рузвелт се бореше за мир со сојузниците, вклучително и СССР, додека Бајден активно и упорно се обидува да започне Трета светска војна. Рузвелт се бореше против фашистите, а Бајден се бори за нив“, напиша Медведев на „X“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More