Home » Медицинските тимови и денеска се целосно ангажирани за соодветна нега за сите повредени пациенти

Медицинските тимови и денеска се целосно ангажирани за соодветна нега за сите повредени пациенти

by Журнал.мк

Министерството за здравство вечерва информира дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти повредени во пожарот во дискотеката во Кочани и информира за хоспитализираните во земјава и во странство.

Седумнаесет пациенти во моментов се лекуваат во ГОБ 8 „Септември“, 13 пациенти се на КАРИЛ, 11 во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница), по десет пациенти на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за токсикологија, по четворица на Торакална и на Детска хирургија и по двајца пациенти се на лекување на Трауматологија, Пулмологија и во Општата болница Штип.

МЗ соопштува и за состојбата на повредените кои се пренесени за лекување во странство.

-Според информации од медицинските центри во Австрија, од шест пациенти, пет се на интензивно лекување во стабилна состојба, додека еден е префрлен на интерно одделение. Во Литванија – четири пациенти се на интензивно лекување во стабилна состојба. Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно- се наведува во соопштението.

Во Србија во моментот се лекуваат 30 пациенти. Тие, наведува МЗ, се на интензивно лекување во стабилна состојба. Во здравствени установи во Бугарија се лекуваат 14 пациенти, од кои седум се на интензивна нега, а останатите се со помал процент на изгореници и самостојно дишат. Во Грција се лекуваат осум пациенти, кои се стабилни во моментот.

-Во текот на ноќта се очекува пациенти да бидат упатени во европски центри, за што Министерството за здравство изразува благодарност за поддршката која ни се пружа од првиот момент од нашите меѓународни партнери- соопшти вечерва Министерството за здравство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk