Home » Мециновиќ: Поради пропустите баравме оставка од Тошковски, ќе поднесеме интерпелација

Мециновиќ: Поради пропустите баравме оставка од Тошковски, ќе поднесеме интерпелација

by Журнал.мк

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ во Отворено рече дека ги охрабруваат институциите да спроведат истрага за несреќата во Кочани.

Тој објасни и дека доколку министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не си поднесе оставка ќе поднесат интерпелација.

„Вистината е дека ова не беше несреќа, ова беше смртна стапица и временска бомба која судбината само требаше да одреди ден да се случи. Овој инцидент се случи со потпис, со печат, со премолчување. Ова е директен резултат на сите политички чинители кои го правеле овој систем. Оваа генерација се чувтсва како да нема што да изгуби. Ние сме на дното. Се чувствуваме како да живееме во најлошата држава во светот. Општетсвото е будено цело време, политичарите се тие кои спијат. Ние како опозиција бараме државнички одговор од власта, тие се обврзани да го дадат, ги повикуваме да создадат безбеден и сигурен амбиент а не дополнителен страв. Во однос на инцидентот има страшни безбедносни пропусти кои се очигледи, има траорни сведоштва дека полицијата не постапувала кога се случувала трагедијата. Ги охрабруваме надлежните да ја спроведат истрагата. Поучени од претходните несреќи кои немале задоволителна разрешница, баравме оставка од Министерот за внатрешни работи, доколку не поднесе за 7 дена ќе поднесеме интерпелација за министерот Тошковски“, рече Мециновиќ.

Тој зборуваше и за тоа дека преку протестите младите излегуваат во самоодбрана.

„Младите излегуваат во своја самоодбрана затоа што се покажува дека немаат ниту работни можности, ниту работна сигурост, ниту стабилно домување, ниту можност да формираат семејство и кога веќе почнуваат да гинат, ова е одговор на младите и е движење. Овој систем го имаат направено поголемите партии. Народот знае кој го создал, ние не сме владееле и не сме го создале. Ние го поддржуваме движењето бидејќи ги адресираат вистинските работи“, додаде Мециновиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk