Home » Меџити за заминувањето на Таравари: Играта штотуку започна и ќе се префрли на теренот на Европскиот фронт

Меџити за заминувањето на Таравари: Играта штотуку започна и ќе се префрли на теренот на Европскиот фронт

by Журнал.мк

Вицепремиерот и еден од тројцата лидери на ВЛЕН, Изет Меџити денеска повторно говореше за заминувањето на неговиот довчерашен сопартиец Арбен Таравари од Владата. Тој порача дека „играта штотуку започнала и дека нема да заврши со заминувањето на Таравари“, алудирајќи дека ќе има придвижувања и поместувања од страна на пратениците од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ.

„Владата е стабилна, ние работиме на решавање на проблемите на граѓаните и се грижиме за нив, додека другите се грижат за Али Ахмети. Но, сите ќе бидат повикани на одговорност. Наш приоритет се нашите граѓани и нашите гласачи“, порачал Меџити од Тетово каде што присуствувал на проширување и реконструкција на примарната мрежа за водоснабдување во населбата Вонвардарска.

„ДУИ првично го држеше своето членство со лаги дека ќе се вратат за еден месец, два месеци, сега следната лага е дека наскоро ќе се вратат. Што се однесува до пратениците, мислам дека играта не е завршена туку штотуку е започната. Ако мислеа дека со заминувањето на г-динот Таравари играта е завршена, тогаш ќе видиме во иднина дека оваа игра ќе продолжи и ќе се игра на теренот на Европскиот фронт“, кажа Меџити во изјава за медиумите.

По заминувањето на Таравари од Владата, во последните денови се зголемија обвинувањата меѓу него и другите лидери на ВЛЕН, Меџити, Биљал Касами и Зекирија Ибраими.

Се уште е нејасно дали сите пратеници и функционери кои доаѓаа од крилото на АА предводено од Таравари, ќе продолжат по неговиот пат и ќе бидат меѓу опозицијата или ќе продолжат со поддршката за владеачката ВЛЕН.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk