Home » Меџити за интерпелацијата од ДУИ: Сè уште прават тенденции за дестабилизација само за да се спасат од правдата

Меџити за интерпелацијата од ДУИ: Сè уште прават тенденции за дестабилизација само за да се спасат од правдата

by Журнал.мк

Министерот за животна средина и просторно планирање – Изет Меџити за интерпелацијата поднесена од ДУИ коментираше дека тоа е демократски чекор што опозициската партија го користи само за партиска корист и спротивно на државните интереси.

– Интерпелацијата е демократски механизам и ние поддржуваме такви демократски методи, но за жал, тоа е покренато од една не демократска партија која веќе се соочува со големи проблеми и од бројот на тие што се на црната листа преовладуваат токму во овие структури и место да се засрамат и како да ги направат реформите да излезат од ова тешка ситуација, тие напротив сè уште прават тенденции за дестабилизација и магла само да се спасат од правдата, изјави Изет Меџити од Тетово.

Тој оцени дека Владата е посветена на зајакнување на децентрализацијата како дел од спроведување на Рамковниот договор.

– И тоа го покажуваме и докажуваме секој ден, како и денес во Тетово, со ваква поддршка што не било во минатото. Економски развој, иста така, борба против корупцијата, каде што веќе се видливи резултатите и мислам дека ова беше болката на нив. Не мислеа на граѓаните, туку мислеа како да се спасат од кривичните дела за коишто треба да одговараат, но сакам утре да ги слушаме, но мислам дека денес е ставен печатот и од нивниот довчерашен партнер, СДСМ, што се огради и кажа дека главата на корупција е Демократската унија за интеграција, истакна Меџити.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk