Home » Меџити во Вашингтон: Вербата и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат и врз кои треба да ја градиме иднината

Меџити во Вашингтон: Вербата и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат и врз кои треба да ја градиме иднината

by Журнал.мк

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, денешниот ден во Вашингтон го започна со учество на „Молитвениот појадок“, традиционален и значаен настан кој обединува политички лидери и влијателни личности од целиот свет.

На овој настан, Меџити ја истакна важноста на дијалогот и рефлексијата, како и клучната улога на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави. Тој нагласи дека за време на неговата посета на Вашингтон е посветен на зајакнување на врските на Северна Македонија со демократскиот свет, промовирајќи заеднички вредности и пријателство меѓу народите.

„Вербата, вредностите и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат и врз кои треба да ја градиме инклузивната иднина,“ изјави Меџити.

За време на неговиот престој во САД, Меџити оствари низа значајни средби, потврдувајќи ја посветеноста на Северна Македонија за продлабочување на меѓународната соработка и зајакнување на стратешките партнерства.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk