Home » Меџити: ВЛЕН Е АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК во албанскиот кампус, вечерва почнува промената

Меџити: ВЛЕН Е АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК во албанскиот кампус, вечерва почнува промената

by Журнал.мк

“Коалицијата Влен е апсолутен победник во албанскиот кампус“, кажа претседателот на партијата Демократско движење и носител во првата изборна единица, Изет Меџити на прес конференција.

„Ви благодариме за трпението и отпорот од сите закани. Како што Влен постојано предупредуваше, денеска изборниот процес беше се, само не демократски. Институциите повторно се ставија во служба на ДУИ. Забележани беа министри, заменици министри, се е документирано и во текот на деновите ќе алармираме. Сакам уште еднаш да објаснам, ќе се одговара за насилството врз гласачкото право“, кажа Меџити.

Според него, ДУИ го покажала своето вистинско лице со бојкот на претседателските избори.

„Замислете, партијата која на изборите излезе со името „Европски фронт“ и кажуваше дека за брзо ќе не интегрира во ЕУ, направи чин спротивен од тоа. Јавно го прашуваме министерот Бујар Османи, како ќе го оправда бојкотот утре пред меѓународните партнери“, рече Меџити кој најави промена на власта веќе од утре.

„Али Ахмети од денеска е најголемиот губитник заедно со Артан Груби. Од денеска ќе заврши во политичка изолација од сите страни. Албанците од денес имаат нов сериозен политички фактор кој гордо ќе ги застапува. Вечерва започнува промената“, посочи Меџити.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More