Home » Меџити: Сицилијанскиот клан на ДУИ ги предава игрите на среќа на српското подземје

Меџити: Сицилијанскиот клан на ДУИ ги предава игрите на среќа на српското подземје

by Журнал.мк

Законот за игри на среќа се врати во Собранието, иако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот поради злоупотреба на европското знаменце, а сега ќе треба да поминат во редовна процедура.

-Итно бараме од сицилијанскиот клан да тргне рака од масакрирање на нашето население. Итно бараме, не само 500 метри, туку целосно да се отстранат и не само обложувалниците, туку и казиното. Покрај проектот „Казина во секоја уличка“, Артан сега успешно го спроведува проектот казина во секоја куќа давајќи 4 лиценци за online казина на компании каде партнер е Прпарим Бајрами, сега добро позната личност која ги извршува наредбите на кланот. Во продолжение ви ги давам податоците за овие 4 новоосновани компании за Казино каде јасно се гледа партнерството. Во секоја од овие 4 компании партнер е марионетата на Артан Груби. Една од овие компании е основана заедно со Казината MOZZART – од Белград. Додека другите 3 компании исто така се со претставници на Бугарското и Црногорското подземје.
Новооснованите компании од марионетата на Артан Груб со подземјето, обвини Изет Меџити од коалицијата „Вреди“.

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми ја демантира опозициската коалиција Вреди која денеска на прес-конференција во законодавниот дом ја обвини власта дека предлог-законот за игрите на среќа во членот 10 предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината. Адеми вели интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и на албанската опозиција е да не се донесе овој закон, за како што рече, да продолжи монополот на фирма која е основана на криминален начин пред неколку години.

-Некој упорно сака да го штити тој монопол, а зошто сака да го штити тој монопол, треба да истражите и тие треба да одговараат пред јавноста. Зошто да нема либеризација на пазарот, прашувам? Зошто уште треба да вложуваме напори за да го штитиме монополот на одредена фирма која е основана на криминален начин, рече Адеми.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More