Home » Меџити: Разликата од порано е што се нудат нови кадри, без хипотеки, без политички багаж

Меџити: Разликата од порано е што се нудат нови кадри, без хипотеки, без политички багаж

by Журнал.мк

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, престојува во официјална посета на САД, каде на покана на Атлантскиот совет учествува на 9-от состанок на министри посветен на Централната и Источна Европа на Конференцијата за енергетска безбедност.

Глас на Америка: Вицепремиере, учествувате на 9-тата годишна Конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа во Вашингтон. Каква е состојбата во Северна Македонија кога станува збор за енергетската безбедност?

Работиме и со стратешките партнери да го забрзаме ЕУ процесот, вели Меџити.

Меџити: Како нова Влада правиме дијагноза на состојбата. Тоа што наследивме не е како што посакувавме. Има доста проблеми, особено во енергетскиот сектор, како што е во РЕК Битола. Ние не сме Влада само да констатираме туку напорно работиме со нашите стратешки партнери и со професионалци да се оправи состојбата, и Македонија да биде безбедна во овој сектор.

Глас на Америка: Каде можат САД да помогнат во енергетскиот сектор, за поголема независност на Северна Македонија?

Меџити: Во многу делови. Мислам дека има неколку сфери, освен надворешната политика и безбедносниот сектор, бидејќи сме членка на НАТО, посебно се фокусирани на енергетскиот сектор, со цел земјата да не зависи од Русија или од другите кои веќе биле присутни на Балканот, туку да има алтернативи и да не си дозволиме да зависиме само од нив, туку да имаме безбедносен енергетски сектор. САД во многу сфери се наш стратешки партнер.

Глас на Америка: Господине Меџити, доаѓате од партија која е дел од новата коалиција ВЛЕН, која е сега од власта. Но, претходно, со години бевте во врвот на ДУИ, која, откако си заминавте од таму, ја критикувавте за начинот на кој владеела. Што е поразлично сега откако ВЛЕН е на власт во однос на ДУИ?

Сега во албанскиот кампус има два блока и тие се натпреваруваат со идеи, програми, платформи, што е придобивка за Албанците и за целата држава, бидејќи конкуренцијата го раздвижува западниот свет.

Меџити: Прво треба да се поздрави и добро е за демократските процеси да има промени и во албанскиот кампус. Долго време имаше една силна политичка партија која над 20 години беше на власт што не е карактеристично за демократските држави. Имаше расцепена опозиција. Сега во албанскиот кампус има два блока и тие се натпреваруваат со идеи, програми, платформи, што е придобивка за Албанците и за целата држава, бидејќи конкуренцијата го раздвижува западниот свет. Мислам дека тоа ќе придонесе за подобар стандард, подобро образование, здравство и во албанскиот кампус.

Глас на Америка: Меѓутоа, критиките веќе надоаѓаат – два инцидента на спикерот Гаши, поставување несоодветни кадри како случајот со Африона Вервизоли… Некако, впечатокот кај обичниот граѓанин, особено Албанците, е дека работите многу не се променија…

Меџити: Не би рекол тоа. Разликата е и кога правиме грешки, што е својствено во политиката и во животот, ние имаме храброст тоа и да го прифатиме, и да се подобриме. Не се работи за суштински, стратешки грешки. Се работи за нова коалиција, која е составена од четири политички субјекти од пред само една година, што е револуционерно во политичката сцена на Северна Македонија. Потребно е време да усогласиме, запознаеме меѓу себе, и да функционираме под капата на ВЛЕН. Разликата од порано е што се нудат нови кадри, без хипотеки, без политички багаж. Мислам дека Македонија има нов почеток. Има партнери во Владата кои што не влечат хипотеки од минатото, туку се спремни да се справат до корупцијата, да се залагаат за економски развој и подобрување на животниот стандард. Фокусот ни е ѝ на децентрализацијата. Мислам дека сето ова ќе даде нова динамика и ќе ја врати надежта кај младите да не гледаат дека единствена алтернатива е заминување од државата.

Глас на Америка: Имате ли намера некако да притиснете кај ВМРО ДПМНЕ за деблокада на ЕУ – процесот преку уставни измени, зашто тоа и го најавувате во предизборитето. Јасно е дека напредок кон ЕУ без уставни измени нема.

Меџити: Како политички субјект во Собранието и во политичката сцена само е Левица – анти-НАТО и анти-ЕУ настроена. Сите други политички субјекти, независно од која провиниенција доаѓаат, албанска или македонска, се залагаат дека единствен пат е НАТО и ЕУ. Во принцип и нашиот партнер ВМРО-ДПМНЕ исто гледа како и нас. Работиме со нив и со стратешките партнери да го забрзаме овој процес, затоа што тоа е за доброто на сите граѓани во државата.

Како што соошти Кабинетот на вицепремиерот, тој ќе биде еден од главните говорници на панел-дискусијата на тема „Трансатлантската политика за трговијата, енергетиката и климата, по изборна година“.

За време на престојот во Вашингтон, првиот вицепремиер Меџити ќе се сретне со претставници од државите учеснички на овогодинешната Конференција на Атлантскиот совет.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk