Home » Меџити оствари средба со претставници на Советот за албанско-американски односи

Меџити оствари средба со претставници на Советот за албанско-американски односи

by Журнал.мк

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа средба со претставниците на Советот за албанско-американски односи – Илир Руси, Мартин Вулај и Бурим Реџај.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања, глобалните безбедносни предизвици и улогата на Албанците во овие процеси. Меџити ги информираше соговорниците за приоритетите и проектите на новата Влада, а воедно се дискутираше и за можностите за продлабочување на соработката во интерес на албанската заедница.

„Се договоривме за изработка на заедничка стратегија со цел дополнително зајакнување на позицијата и интересите на Албанците на меѓународната сцена. Партнерството со САД останува клучно за нашата иднина, а тесната соработка со нашите стратешки сојузници е од суштинско значење за справување со предизвиците и искористување на можностите што ги носи времето,“ изјави Меџити.

Советот за албанско-американски односи е долгогодишен застапник на албанските прашања во највисоките американски институции, со значајна улога во градењето мостови на соработка меѓу албанската заедница и САД.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk