HomeМакедонијаМеџити оствари средба со новоизбраниот претседател на Советот на Општина Чаир -...

Меџити оствари средба со новоизбраниот претседател на Советот на Општина Чаир – „Време е за ефикасна општина“

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со новоизбраниот претседател на Советот на општината, Муамет Муртези, кој вчера на првата конститутивна седница го презеде раководењето со советничкото тело.

Меџити истакна дека формирањето на новиот Совет претставува значаен институционален момент за Чаир, со кој започнува новиот мандат и се обезбедува континуитет во работата на локалната самоуправа.

На средбата се разговарало за процесот на конституирање, за приоритетите во работата на Советот, како и за моделите на унапредување на соработката помеѓу извршната и законодавната власт на локално ниво. Целта, како што беше нагласено, е да се зголеми институционалната ефикасност и да се подобрат услугите за граѓаните.

„Чаир има потреба од институции кои функционираат одговорно, транспарентно и со заедничка визија за развој. Тоа ќе биде нашиот правец во деновите и месеците што следат“, порача Меџити.

Ова ја означува почетната фаза на новиот советнички состав, од кого се очекува активна улога во креирањето политики и одлуки во интерес на жителите на Чаир.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img