Home » Меџити: Општините се клучен партнер во еколошката трансформација

Меџити: Општините се клучен партнер во еколошката трансформација

by Журнал.мк

Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари работна средба со претседателството на ЗЕЛС – Заедницата на единиците на локалната самоуправа, на која беше детално презентиран јавниот Конкурс за финансирање на проекти од областа на животната средина за 2025 година.

На средбата, Министерот Меџити ја истакна важноста на локалната самоуправа како столб во реализацијата на клучни инфраструктурни и образовни проекти поврзани со животната средина.

Преку Програмата за 2025 година, Министерството обезбедува 229 милиони денари, од кои најголемиот дел се наменети за поддршка на водоводна и канализациона инфраструктура – области каде што голем број општини сè уште се соочуваат со сериозни предизвици.

„Општините се нашите најважни сојузници на терен. Тие најдобро ги познаваат локалните проблеми и потреби, и затоа сакаме директно да ги поддржиме со средства за решавање на тие предизвици“, истакна министерот Меџити.

Во рамки на средбата, беа презентирани и критериумите, постапките за аплицирање и поддршката што Министерството ја нуди за успешно подготвување и спроведување на проектите. Беше потенцирано дека секоја општина може да аплицира со еден или повеќе проекти, и дека се охрабруваат и заеднички регионални иницијативи.

Претставниците на ЗЕЛС изразија подготвеност за активно информирање и ангажирање на општините-членки, како и интерес за одржување дополнителни информативни сесии и работилници во наредниот период.

Конкурсот е отворен до 29 април, а сите информации, критериуми и апликациски обрасци се достапни на веб-страницата на Министерството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk