Вицепремиерот и минситер Изет Меџити рече дека не направил ништо противзаконски, а за СДСМ кои пред Влада доставуваат документи до премиерот Христијан Мицкоски за незаконско работење вели: „сакаат да ја продолжат приказнава. Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал. Ако сакаме да зборуваме за скандали, ги имаше доста до сега“.
„СДСМ оди по паметот на ДУИ, се гледа се синхронизирани во нападите. Прво се зборуваше за одземање на ингеренции од Министерството за животна средина, па кога видоа дека инспекторатот кој бил автономен, сега е сектор во рамките на Министерството отидоа на второто обвинување дека има простор за злоупотреба и тоа тоа го констатирал административниот инспекторат. Но тука сакам да се расчистиме, се работи за редовна контрола која е во програмата на Државниот административен инспекторат. Тие имаат забелешка, опомена за воспоставена пракса а не за ингеренции. Во однос на пракса, за волја на вистината, воспоставена од ДУИ и СДСМ, од 2016 година“, рече Меџити.
Меџити рече дека опомената е обжалена.
„Не се работи за ингеренции, ниту ништо друго“, рече Меџити.