Home » Меџити не гледа потреба од предвремени избори: „За кратко време ќе има двотретинско мнозинство“

Меџити не гледа потреба од предвремени избори: „За кратко време ќе има двотретинско мнозинство“

by Журнал.мк

Од 90-тите години, па досега, немало постабилна Влада и поголемо мнозинство од ова. 78 пратеници и тоа расте. Сигурно дека за кратко време, ќе надмине и 2/3 од Собранието. Тоа е доволен коментар на тоа, вели еден од лидерите на ВЛЕН и вицепремиер во Владата, Изет Меџити околу можноста за организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните во наредната 2025 година.

Меџити смета дека се „непотребни“ предвремени избори.

-Непотребно е да се размислува за предвремени избори бидејќи е само трошок за државата и губење на време. Шест месеци пред и после изборите, запираат постапките, сите јавни набавки, вработувања и тоа влијае многу на економијата и бизнисот. Бизнисот не би бил среќен, тврди еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН.

За предвремени избори се согласуваат од СДСМ, но и од ВМРО-ДПМНЕ, од чија партија и произлезе ваквиот предлог, пред се од лидерот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk