Home » Меџити: Курти ја кажа вистината за албанскиот јазик

Меџити: Курти ја кажа вистината за албанскиот јазик

by Журнал.мк

Првиот вицепремиер Изет Меџити оценува дека Албин Курти ја кажал вистината за тоа дека во Македонија не постои закон за албански јазик, туку закон за употреба на јазиците, додека реакциите на ДУИ кои изјавата на Курти ја нарекоа анти-албанска, се хистерични и панични. Според Меџити, правото на употреба на албанскиот јазик во Македонија е поврзано со исполнување на квотата од 20 отсто од населението, која им припаѓа на сите заедници кои ја исполнуваат оваа квота.

„Господинот Курти ја кажа вистината, во Македонија нема закон за албански јазик, има закон за јазици, во чии рамки е предвидена квота од 20%. Таа етничка заедница што ги исполнува или е над 20%, во случајов Албанците имаат право да го користат албанскиот јазик. Но, тоа е поврзано со 20%. Насловот на законот не е Закон за албански јазик, туку Закон за јазици“, рече Меџити.

За можноста Законот за јазиците да се врати во Собранието за да се коригираат спорните членови кои се пред Уставниот суд, Меџити вели дека нема простор за загриженост.

„Мислам дека нема место за загриженост, има иницијативи во Уставниот суд, тие не се поврзани со правото на јазиците, тие се поврзани со некои членови кои до сега не се спроведени и откако претходната влада го испрати до Венециската комисија за разгледување имаше одобрение и од господинот Османи, поранешниот министер за надворешни работи, дека овие членови ќе бидат апсолвирани, но ние следиме и сме гарант дека правата на Албанците не само што ќе бидат заштитени, туку и унапредени“, додава Меџити.

Инаку, за 11 декември е најавено рочиште во Уставниот суд на кое ќе се расправа за три члена од Законот за употреба на јазиците кои се однесуваат на употребата на албанскиот јазик на банкнотите, униформите и судските постапки. Ова предизвика Законот за употреба на јазиците да стане главна тема, дури не само во границите на државата. Опозицијата ја критикува власта дека сака да го укине албанскиот јазик од употреба, но власта ги отфрла обвинувањата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk