Home » Меџити: Коцевски со континуирани правни прекршувања, создaде ситуација што ја направи неизбежна одлуката за негово разрешување

Меџити: Коцевски со континуирани правни прекршувања, создaде ситуација што ја направи неизбежна одлуката за негово разрешување

by Журнал.мк

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, изјави дека одлуката на владата за започнување на постапката за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски е резултат на неговите континуирани правни прекршувања.

„Прво, оваа постапка е во согласност со духот на меѓународниот фактор и стратешките партнери, со цел да се интервенира таму каде што има прекршувања. Второ, довербата на граѓаните во судскиот систем е на најниско ниво од 90-тите години и речиси повеќе не постои. Трето, јавниот обвинител Коцевски продолжи со континуирани правни прекршувања, создавајќи ситуација што ја направи неизбежна одлуката за негово разрешување“, изјави Меџити.

Во однос на новиот јавен обвинител, тој нагласи дека треба да биде професионалец кој ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните во владеењето на правото.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk