Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во 24 анализа рече дека се работи на заедничко решение со Бугарија кое ќе биде задоволително за двете страни. Тој рече и дека има нова иницијатива за организација на регионален молитвен појадок на кој поддршка ќе дадат и Соединетите Американски Држави.
„Ќе се сретнат двајцата министри за надворешни работи на двете држави и ќе се отвори нова перспектива. Оваа средба би ја искористиле и како прилика за евентуална средба помеѓу Христијан Мицкоски и Росен Жељазков“, изјави Меџити.
За регионалниот молитвен појадок Меџити рече дека тоа е нешто ново и ќе ги отвори вратите за нови соработки.
„Има нова иницијатива молитвениот појадок што се оргнанизира од Конгресот во САД да се организира и во Македонија и да биде регионална оргинизација што може да придонесе за продлабочување на соработката со нашиот стратешки партнер САД. Молитвениот појадок во Македониј би бил и повод да дојдат конгресмени и сенатори кои имаат влијание на овие политики“, рече Меџити.
Изет Меџити во 24 анализа рече дека не знае каде е точно Артан Груби но според изјавите на Ахмети тој е во Албанија. Според него, Груби побегнал сам без помош на Владата.
„Ахмети потврди дека Груби е во Албанија а јас немам конкретни информации. По мои информации Владата не го пушти туку тој има луѓе во МВР за кои се водат постапки сега. Тој искористи последни моменти за да избега и најави дека ќе се врати но не се соочи и со тоа потврди дека е виновен“, изјави Меџити.
Тој потенцираше и дека очекува сите кои побегнале од државава да се вратат и да одговраат за своите постапки.
Меџити во 24 анализа рече дека нема договор со ВМРО-ДПМНЕ за промена на државниот грб. Според него, иако имало договор во минатото помеѓу Али Ахмети и Никола Груевски сепак грбот не е сменет.
„Јавна тајна е дека имаше договор потпишан меѓу Ахмети и Груевски за да се смени грбот но сега немаме договор со ВМРО-ДПМНЕ за промена на грбот и во принцип ние разговараме за сите прашања. Очигледно е дека и грбот и химната потекнуваат од комунистичко време и не ја одрауваат баш како што треба реалноста. Химната треба да одрази реалноста и да ги има и другите заедници и да ја чувствуваат сите граѓани како заедничка. Битката била заедничка. Да биде инклузивна и да се чувствуваат сите важни“ изјави Меџити.
Тој рече дека отворено прашање е и албанскиот јаик кој според него 20% е омаловажувачки и потценувачки за втората заедница во Македонија.
„Нас не тангира тоа што сите знаеме дека 20% е за албанскиот јазик и тоа не е добро чувство за албанците и за албанскиот јазик. На републичко ниво втор јазик кој се зборува е албанскиот јазик а на локално може и да има други јазици. Нас приоритет ни е албанскиот јаик кој е во дух и на Охридскиот рамковен договор“, рече Меџити.