Првиот вицепремиер Изет Меџити, пред одржувањето на состанокот на коалицијата ВЛЕН, истакна дека Арбен Фетаи ќе остане заменик претседател на Владата за добро управување, додека од коалицијата ВЛЕН за министер за здравство ќе биде предложен Азир Алиу.
„Во претседателството на ВЛЕН беше усвоено Арбен Фетаи да остане заменик-претседател на Владата за добро управување, а за министер за здравство да се предложи Азир Алиу. За другите позиции ќе се одлучува во наредните денови“, изјави Изет Меџити – прв вицепремиер.
Да потсетиме дека по заминувањето на Алијанса за Албанците на Таравари од коалицијата ВЛЕН, неговите сопартијци Арбен Фетаи и Азир Алиу останаа дел од коалицијата ВЛЕН.