Home » Меџити: ДУИ во последно време создаваше само непријатели, победата на Таравари е неоспорна

Меџити: ДУИ во последно време создаваше само непријатели, победата на Таравари е неоспорна

by Журнал.мк

Лидерот на партијата „Демократско движење“ која е дел од коалицијата „ВРЕДИ“, Изет Меџити во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека ДУИ во последно време создавала само непријатели, па со тоа победата на кандидатот за претседател, Арбен Таравари е неоспорна.

„Ако го следите ДУИ, во последно време создаваше и создава само непријатели, дали со албанските партии, дали со ВМРО ДПМНЕ, дали со меѓународната заедница поради индивидуите кои се на црни листи, со медиумите исто така. Земајќи го сето ова во предвид мислам дека победата на нашиот кандидат за претседател ќе биде неспорна“, рече Меџити.

Меџити: На многу граѓани, како и на функционери на ДУИ сум им ги легализирал куќите кои биле дивоградби

вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 проговори за дивоградбите во Чаир.

Меџити како поранешен градоначалник на општината рече дека на многу функционери на ДУИ како и на многу граѓани им овозможил легализација на своите домови кои имале статус на дивоградби.

Изет Меџити за дивоградбите во Чаир: Артан Груби преку неговите портали кажува на обвинителството што да работат

Лидерот на партијата „Демократско движење“, Изет Меџити вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 проговори и за дивоградбите во Чаир, каде беше градоначалник во два мандати.

Според него, вицепремиерот Артан Груби преку негови портали му кажува на Обвинителството што да работат.

„Да не споменувам сега кои портали, Артан Групи поседува неколку. Преку тие портали тој укажува на јавното обвинителство што да работат, со кои предмети да се занимаваат“, рече Меџити.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More