Home » Меџити: Додека осудените Албанци за монтираните процеси скапуваа и гинеа по затворите, тие работеа на спасување на Мијалков

Меџити: Додека осудените Албанци за монтираните процеси скапуваа и гинеа по затворите, тие работеа на спасување на Мијалков

by Журнал.мк

„Добро утро! Додека осудените Албанци за монтираните процеси скапуваа и гинеа по затворите, тие работеа на спасување на Мијалков. Одговорност сега!“ – ова беше реакцијата на вицепремиерот Изет Меџити околу вклучувањето на неговиот претходник во Владата Артан Груби на американската „црна листа“. Меџити во интервју за „Алсат“ вели и дека Владата ја разгледува можноста луѓето кои САД ги прогласи за непожелни, да бидат санкционирани и во земјава.

„Го отворивме како дебата дека она што се констатира од Стејт департментот треба да важи и за нашето законодавство, бидејќи особено во овој случај не е генерална формулација за попречување на Охридскиот договор, за дестабилизација на регионот или за дејствија спротивни на демократските процеси, туку на таксативен начин е наведено дека се работи за корупција за да се спаси Сашо Мијалков со длабоко мешање во судството на оваа држава… за интервенција во судството за спас на режимот Груевски-Мијалков и ако се погледнат бизнисите каде влегле, во казината, брзите кредити, се гледа дека главен ментор кој го катапултирал Груби во политиката бил Мијалков“, вели Меџити.

Меџити рече дека и Ахмети треба да сноси одговорност за сите постапки на Груби, бидејќи тој ништо не правел без одобрение на неговиот лидер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk