Home » Меџити: Балансерот ќе стане закон

Меџити: Балансерот ќе стане закон

by Журнал.мк

Злоупотребите со механизмот, воведен за да се зголеми застапеноста на помалите заедници во јавната администрација, се причината зошто тој веќе нема да постои во истата форма како и досега. Сепак, балансерот, со кој досега се регулираше етничката застапеност при вработувањата, нема да се укине, туку ќе стане Закон за рамномерна застапеност во јавната администрација, најави и вицепремиерот Изет Меџити.

И министерот за дигитална трансформација деновиве најави можност за носење на ваков закон, со што ќе се промени методологијата при вработувањето и еднаш определена етничка припадност нема да може да се смени за потребата на некој конкурс. За почеток, ќе се користат бројките од последниот попис во 2021 година и калкулацијата ќе се прави врз основа на населението што живее овде, а не како досега, врз основа на вкупното попишано население.

На ова се спротивставија опозициските партии на Албанците, кои обвинуваат дека се дискриминираат граѓаните кои не живеат во државата. СДСМ, пак, реагираат дека, со носењето на закон, всушност само се трансформира, но не и укинува механизмотшто во изминатите години предизвикуваше бројни реакции,поради давањето предност при вработување на етничката припадност а не на образованието и професионалното искуство.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More