Home » МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА СОВРЕМЕНА МУЗИКА НА МУЗИЧКАТА АКДЕМИЈА ВО ШТИП

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА СОВРЕМЕНА МУЗИКА НА МУЗИЧКАТА АКДЕМИЈА ВО ШТИП

by Lina Muslija

Од денес (27 мај) до 3 јуни на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржи второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика.

На фестивалот, концерти ќе одржат музичари од различни држави, а ќе има и мастер-класи за студентите од Музичката академија.

“Ова е одлична можност за студентите да се запознаат со врвни уметници од современата музика, а воедно и да договорат идни соработки и проекти заедно со нив. Ова е второ издание на фестивалот, кое треба да ќе прерасне во долгогодишна традиција”, велат од Универзитетот.

Фестивалот започнува со настап на чешкиот кларинетист Карел Дохнал со македонската пијанистка Наташа Трбојевиќ. На 28 мај настапува пфлејтистката од Србија, Ангела Братиќ, со пијанистката Наташа Трбојевиќ, а на 29 мај гостува турската пијанистка Ширин Акбулут Демири заедно со нашата позната пијанистка и професор на Музичката академија Милица Шкариќ.

Фестивалот ќе заврши на 3 јуни со настап на најдобрите студенти од Музичката академија.

Концертите ќе се одржат во Уметничката галерија „Безистен“, од 19 часот. Влезот е слободен.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More