Home » Мбапе бесен, ветил дека ќе ја елиминира Барселона

Мбапе бесен, ветил дека ќе ја елиминира Барселона

by Lina Muslija

Иако на домашен терен загуби со 2-3 од Барселона, никој во ПСЖ не се сомнева во пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, тврдат француските медиуми.

Причина за тоа е што сите се на мислење дека екипата не може уште еднаш да одигра толку лошо како на првиот натпревар, а и негативата од еден гол е лесно достижна. Сепак, Лекип тврди дека Мбапе бил бесен како рис поради своето очајно издание и на сите во соблекувалната им се извинил и им ветил дека на реваншот ќе „гине“ за да ја елиминира Барселона.

Францускиот репрезентативец има добри спомени од Барселона, но од Камп Ноу, а реваншот во вторник нема да се игра на тој стадион затоа што се реновира. Пред три години, во главниот град на Каталонија, тој постигна хет-трик и практично сам ја елиминира Барса во осминафиналето од Лигата на шампионите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More