Инстаграм сензацијата Нејлен Ешли неодамна го „фатила“ момчето во прељуба, а начинот на кој го направила тоа е преку социјалните мрежи.
Имено, оваа дама со бујни облини која ја следат повеќе од 1,6 милиони луѓе, раскинала со партнерот после три години врска, кога дознала дека спие со проституки скоро секоја недела.
Атрактивната 30-годишна девојка го запознала некогашното момче преку заеднички пријатели во 2016 година, а денес тврди дека веднаш увидела дека е по малку незрел, но дека сепак не му одолеала.
Додала и дека е претерано грижлива и лековерна, па и дека многу пати замижала пред црвените знаменца во врската.Нејлен некое време молчела за раскинувањето, но неодамна раскажала се.