2 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Мажите лудуваат по неа, а таа сака само богати и славни! Се смееше додека го апсеа нејзиното поранешно момче и го ЗГРОЗИ СВЕТОТ!

Најчитани вести

Шантел Џефрис има повеќе професии – таа е актерка, модел, инфлуенсер, продуцент и ди џеј, но и понатаму е најпозната поради своите љубовни авантури со славните мажи.

На прв поглед оваа дама изгледа баш како сестра на Кардашијан, но всушност тие ѝ се само патоказ и тоа не само кога станува збор за физичкиот изглед.

Извори, блиски до оваа атрактивна 27-годишна девојка тврдат дека таа се труди да се однесува исто како Ким Кардашијан, а доволно е само да го погледнете нејзиниот Инстаграм профил па ќе видите за што станува збор и дека таквите тврдења не се далеку од вистината.

Шантел е позната по љубовните врски со богатите мажи, познати и влијателни, а и самата отворено признала дека момците без статус не ги зема предвид кога станува збор за љубовните врски.

Таа на моќните мажи почнала да ги заведува уште пред да стане полнолетна па така пред 2013-та година успеала да биде со Џастин Комбс, синот на Паф Диди, раперот Лил Твист и играч од американски фудбал Дишон Џексон.

Но, аферата која навистина ја прославила и ја направила светски позната е онаа со Џастин Бибер. Нивната романса била кратка, но доволна за да „подигне прашина“, а завршила со апсење.

Шантел била во љубовна врска со пејачот кога полицијата го уапсила како вози во алкохолизирана состојба, а додека било во тек апсењето таа само се смеела со што ја згрози јавноста.

На нејзината листа на славни љубовници се наоѓаат и раперот Тревис Скот, кошаркарот Џордан Кларксон како и неговиот колега Кајри Ирвинг, актерот Вилмер Валдерам, јутјуберот Пол Логан, а последен за кој се шпекулираше дека била со него е раперот Машин Ган Кели.

Инаку, оваа зеленоока дама отсекогаш на црвениот тепих се појавувала во предизвикувачки креации, а нејзиниот Инстаграм профил е преполн со еротски фотографии па тоа е уште еден начин со кој вниманието го насочува кон себе.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести