Полицијата уапси маж од Сарај кој бил агресивен кон полицајци на должност.
– На 19.02.2026 во 03:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(31) од Сарај, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.








