Home » Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура, најмногу се пријавени за англиски

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура, најмногу се пријавени за англиски

by Журнал.мк

Матурантите денеска го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура.

Најмногу кандидати, над 13 илјади се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1.356, за Германски јазик се пријавени 114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија.

Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик.

Државниот испитен центар најдоцна до 8 јули ќе ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита.

Според видот на образование, државна матура во јунската сесија полагаат 6.341 матуранти од гимназии, 8.230 од стручни и 263 од уметнички училишта.

За да нема препишување, годинава матурантите првпат полагаат училишните холови или спортски сали.

Оние кои нема да положат, ќе може да се пријават за августовската сесија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More