Матичните лекари се соочуваат со проблем при препишувањето на деветте нови генерички лекови за хроничните пациенти. Проблем е што голем дел од нив и нивните дози се даваат со препорака од специјалист. Дел од пациентите имаат, дел не обезбедиле, па дојдоа кај матичните.
Проблем се јавил и при препишување на дозите. Докторката Станоевска вели не е пожелно лековите да се кршат и да се ситнат бидејќи пациентот нема да ја добие соодветната доза, а исто и при ресорпцијата ќе има нарушување.
Голем дел од пациентите на матичните лекари се со хронични болести и купувањето на неколку лека било сериозен удар врз семејниот буџет.
Со новите додадени на позитивната листа хронично болните за еден лек ќе заштедуваат и до 2.000 денари.