Илјадници луѓе излегоа на улиците во повеќе градови низ Бугарија, меѓу кои и Софија, протестирајќи против воведувањето на еврото како официјална валута.

Демонстрантите побараа зачувување на бугарскиот лев, одржување на референдум за приклучување во еврозоната и оставка од Владата.
Покрај главниот град, собири се одржаа и во други поголеми градови – Варна, Велико Трново, Плевен, Русе, Хасково и Јамбол.

Многумина протестираат поради стравувањата дека воведувањето на еврото може да предизвика зголемување на животните трошоци и намалување на животниот стандард, при што институциите не нудат соодветни гаранции.

Организаторите на протестот најавуваат нови собири за 8 јули, кога се очекува конечната одлука за приклучување на Бугарија кон еврозоната, планирана за јануари 2026.

Несогласувањата околу иднината на националната валута и приклучувањето кон еврозоната остануваат меѓу најважните општествени и политички прашања во Бугарија.