Home » Масло од лута пиперка против ревматизам

Масло од лута пиперка против ревматизам

by Lina Muslija

Болките во зглобовите знаат да бидат многу непријатни и болни, па затоа ви предлагаме да пробате природен рецепт против ревматизам што ја зголемува циркулацијата на крвта и ја ублажува непријатноста. Маслото е направено од лути црвени пиперки и е одлично за радикулитис, миозитис, невралгија, ревматизам и болки во зглобовите. Маслото од лута пиперка спаѓа во групата на затоплувачки масла. Има стимулирачки ефект: ги проширува капиларите, ја зголемува циркулацијата на крвта во горните делови на кожата, го подобрува метаболизмот и влијае на активирање на регенеративните процеси на епидермисот на кожата.

Состојки: 10 свежи црвени лути пиперки, две чаши ладно цедено маслиново масло и стаклена тегла од еден литар. Подготовка: измијте ги пиперките и сомелете ги, ставете ја смесата во чиста стаклена тегла и покријте ја со маслото. Оставете го на темно место. По седум дена, процедете ја содржината на теглата преку газа или пластична цедалка. Црвеникавото масло втријте го во кожата.

Начин на употреба: Најпрво тријте го маслото неколкупати на ден, кога имате болки во зглобовите или во други делови од телото. По триењето, облечете топли чорапи или хулахопки, ако се работи за нозете. Загрејте ги другите делови од телото, во зависност од локацијата на болката – рацете, вратот, грбот. По нанесувањето на маслото ќе почувствувате чувство на печење на кожата, но тоа ќе биде подносливо, дури и пријатно, бидејќи маслото длабоко ќе ја загрее кожата, но без да предизвика изгореници.

Со текот на времето, можете да го намалите интензитетот на нанесување на маслото. По месец или два, постапката можете да ја правите еднаш неделно, доколку понекогаш се појавуваат болки во зглобовите поради промена на временските услови. Чувајте го маслото на темно место.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk