Репрезентацијата на Македонија во денешниот натпревар против Естонија претрпе пораз од 19 разлика (84:65) и така остана без шанси за пласман на Европското првенство.
Александар Маслинко беше еден од нашите тројца двоцифрени кошаркари и средбата ја заврши со 15 постигнати поени, останатите двајца беа Ти-Џеј Шортс (21) и Ненад Димитријевиќ (20).
„Започнавме добро, го контролиравме натпреварот во првиот дел, водевме и со еден поен. Второто полувреме беше лошо за нас бидејќи изгубивме со 20 разлика и ги изгубивме сите шанси за пласман на Евробаскет. Штета е што не се пласиравме, но се надевам дека ќе се пласираме на наредниот. “ – кратко истакна Андреј Маслинко по завршување на натпреварот.
Македонија во последното коло за три дена во натпревар без резултатско значење на домашен терен ќе игра против Полска.