Маслинките се едни од најмоќните антиоксиданти. Тие се одличен извор на витамини и минерали. Богати се со витамин Е, кој е одличен за чистење на организмот бидејќи е моќен антиоксидант. Железото, кое е застапено во црните маслинки, е одлично за црвените крвни зрнца, кои, пак транспортираат кислород. Бакарот е есенцијален минерал, кој може да го намали ризикот од срцеви болести. Калциумот со кој изобилуваат е одличен за коските, мускулите и за функцијата на нервите.
Маслинките помагаат во регулирањето на количеството на лошиот ЛДЛ-холестерол, а неодамнешните студии покажале дека маслинките можат да го намалат крвниот притисок. Маслинките се големи борци против канцерот. Консумирањето маслинки може да ви донесе само здравствени придобивки.
Маслинките содржат антиоксиданси, кои имаат способност да ги деактивираат слободните радикали во телото кои играат голема улога во оштетувањето на сперматозоидите и јајцеклетките, што може да доведе до неплодност.