Home » Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

by Журнал

Милијардерот Eлон Маск вели дека неговата компанија Neuralink за прв пат успешно вградила еден од своите безжични чипови во човечки мозок. „Првичните резултати покажуваат ветувачки нервни импулси и пациентот добро закрепнува“, објави Маск. Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и да помогне во решавањето на сложените невролошки состојби. Голем број конкурентски компании веќе имаат инсталирано слични уреди. Би-би-си Њуз се обрати до Неуралинк и американскиот медицински регулатор, Управата за храна и лекови (ФДА), за коментар.

Во мај, компанијата на Маск доби дозвола од ФДА да го тестира чипот на луѓе, што претставува пресвртница. Ова даде зелено светло за почеток на шестгодишното истражување. Пациентите кои ќе учествуваат во студијата ќе имаат хируршки чип поставен во делот од мозокот кој ја контролира намерата за движење. Чипот, кој ќе го инсталира роботот, потоа ќе снима и ќе испраќа мозочни сигнали до апликацијата, со првична цел „да им овозможи на луѓето да го контролираат курсорот на компјутерот или тастатурата користејќи ги само своите мисли“, според Neuralink.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More