27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Maserati Levante и Ghibli F Tributo

Најчитани вести

Основачот на компанијата Алфиери Масерати (Alfieri Maserati) победи на трката Targa Florio во класата 1500 кубни сантиметри ка на 25 април 1923 година, управувајќи Tipo 26, првиот тркачки автомобил кој го носеше логото на Maserati…

Таа победа го отвори патот до богатата историја во мотоспортот на Maserati, која наскоро ќе биде обновена по пауза од неколку години, благодарение на супер автомобилот MC20. За да прослави 95 години во мотоспортот, Maserati ги претстави Ghibli и Levante со пакетот опрема F Tributo.

Автомобилите се достапни во црвена боја на Rosso Tributo  и сина i Azzurro Tributo.

Жолтите „канџи“ на сопирачките, како и жолтиот детал на тркалата му оддаваат почит на тркачкиот автомобил 250F што го возеше Хуан Мануел Фангио (Juan Manuel Fangio) на дебито на Maserati во Формула 1 во 1954 година, а слична шема на бои се користеше и во внатрешноста.

Levante F Tributo доби 21-инчни Anteo фелни во gloss black боја, додека Ghibli е поставен на сет од 21-инчни Titano фелни од лесни легури.

Црните ознаки се наоѓаат на лаковите над тркалата, а на С столбовите  логото на Maserati.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести