Home » Мартовската анкета на ИПИС покажува над 10% предност на Силјановска-Давкова пред Пендаровски

Мартовската анкета на ИПИС покажува над 10% предност на Силјановска-Давкова пред Пендаровски

by Журнал.мк

Разликата во рејтингот меѓу кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски се зголемила за 1,45% за еден месец и од 8,75% во февруари, сега изнесува 10,20%, покажува анкетата спроведена од ИПИС во март на ниво на државата, објавена во синоќешната емисија Објектив на МРТ.

На прашањето „за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ 24,6% од анкетираните одговориле дека ќе гласаат за професорката Гордана Силјаноска Давкова, а 14,4% се изјасниле за актуелниот претседател Стево Пендаровски. По нив следат Бујар Османи со 7,0% поддршка, Таравари со 5,7%, Билјана Ванковска со 3,5% итн.
Можеби ќе ве интересира

Споредено со февруари има зголемување на потенцијалните гласачи и кај Силјановска и кај Пендаровски, но сепак растот е поголем кај кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Во февруари за Силјановска се изјасниле 20,2%, што значи дека за еден месец нејзината поддршка пораснала за 4,4%, а Пендаровски во февруари имал 11,5% поддршка, и таа во март се зголемила за 2,9%.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More